Тројца поранешни и актуелни функционери од струмичкиот затвор се пријавени за злоупотреба на службена положба. Станува збор за екс-директорот Б. Ц. (41), поранешниот в.д. директор В. М. (36) и заповедникот на затворската полиција В. Т. (42).
Истрагата покажала дека тие незаконски одобрувале бројни погодности за осудени лица. Б. Ц. му дозволил на еден затвореник три кратки излегувања, а В. М. организирал дури 32 краткотрајни излегувања за седум лица, како и годишни одмори за затвореници кои немале право на тоа. Дополнително, дел од осудениците биле префрлени во отворено одделение иако не ги исполнувале условите.
Пријавата ги опфаќа и постапките на В. Т., кој, без потребна стручна подготовка, вршел ресоцијализација по овластување од В. М., додека паралелно управувал со затворската полиција – две неспоиви и одговорни функции.