Само во последните 24 часа се евидентирани нови 267.334 случаи на инфекција.

Индија е втора земја во светот според вкупниот број на заразени, веднап зад САД, со повеќе од 25 милиони регистрирани случаи.

Во последната недела постепено, од ден во ден, се намалува бројот на новозаразени случаи, но стапката на смртност од последиците од инфекцијата е се уште висока, а болниците се преполни со пациенти.

Во тек е вториот бран на заразата што силно ја погоди оваа земја, а поради тоа се забавува и процесот на вакцинација.