Партијата најавува решавање на проблемите со ѓубрето и чист воздух преку сеопфатна стратегија

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека управувањето со јавните претпријатија во Скопје, особено со Дрисла, е целосно под контрола на ДУИ и дека состојбата со ѓубрето во главниот град е резултат на неспособноста на градоначалничката Данела Арсовска и нејзините соработници.

Следува целосното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„На сите им е јасно кој раководи со јавните претпријатија во град Скопје. Дури и врапчињата знаат дека конкретно со Дрисла раководи ДУИ.

Дрисла, ѓубрето во Скопје и состојбата во Дрисла е резултат на неспособноста на Данела Арсовска и нејзините другари од ДУИ.

Граѓаните на Скопје не се виновни за хаосот што го прави Арсовска и Скопје не смее да биде заложник на Арсовска и коалицијата СДС-ДУИ-Левица.

Време е да се стави крај на црните сценарија, фабрикуваните кризи и штетни сценарија за граѓаните на Скопје од страна на коалицијата Арсовска-ДУИ-Левица.

Граѓаните на Скопје не смеат да бидат заложници на Арсовска и неспособните кадри од ДУИ. СДС треба да знаат, граѓаните не се наивни, граѓаните знаат кој ветува а кој исполнува.

ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија, план и цел, ќе го решат овој проблемот со депониите за граѓаните конечно да го добијат она што го заслужуваат, а тоа е почиста животна средина, почист воздух и намалување на бројот на дивите депонии.

ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски имаат сеопфатна стратегија за почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот на граѓаните.“