– Иако ја примив втората доза на вакцината пред повеќе од месец и пол, вирусот е сè уште меѓу нас и може секого да погоди! Благодарение на вакцинацијата сега имам само благи симптоми, па ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што поскоро! Останете внимателни и одговорни, заштитете се себеси, семејството и другите околу вас!, објави на Фејсбук Арифи и рече дека ќе остане во изолација и ќе ја зема соодветната терапија, според здравствените протоколи.

Арифи пред 12 години се бореше со рак на дојка, а беше дијагностицирана додека беше бремена со второто дете. Таа е една од првите политичарки која отворено јавно прозборе за својата болест и е проминентна активистка за кревање на свеста за борбата против рак на дојка.