Ако има претумбации пред и за време на собрансиката седница утре, повеќе верувам дека ќе бидат во насока да се приклучат на иницијативата за недоверба на Владата, отколку обратно, рече аналитичарот Богдан Илиески на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.
Тој укажа и на моментот на однесувањето на Зоран Заев, односно лажењето.
-Заев најави оставка, па се премисли. Луѓето гласаа за СДСМ зошто ветуваа едно, но за мандатот не направија ништо и многу е јасно кој победи на локалните избори“, рече Илиески.
Илиески објасни дека станува збор за потписи на иницијатива за гласање на недоверба на владата, а не е коалиција.
-Целта е да се смени овој начин на владеење на Заев, да се смени оваа гарнитура која лаже и коај е олиетворение на корупција и криминал, укажа Илиески.
Според него причина за собирање на овие потписи за иницијативата е јасна, тоа се луѓе кои се против корупција и криминал, а не станува збор за анти НАТО и анти ЕУ влада или луѓе кои се против евроатлантските интеграции.