Според податоците на ресурсот на деловниот магазин Forbes кој ги мери показателите во реално време, богатстовото на Маск се намалило за 5,1 милијарди долари во 24 часа и сега изнесува 174,6 милијарди долари, со што е на третото место на листата најбогати луѓе на планетата. Акциите на „Tesla“ во понеделникот паднаа за 3,4 отсто на 714,63 долари.
Претходно во понеделникот деловниот дневен весник The Wall Street Journal објави дека две лица ги загубиле животите во сојузната држава Тексас удирајќи се во дрво. Според прелиминарните резултати од истрагата, се претпоставува дека автомобилот бил во режимот на самоуправување (автопилот) во време на несреќата.
Маск подоцна го негираше ова тврдења, истакнувајќи дека функцијата за целосно автономно управување на автомобилот не била постигната. Претприемачот, исто така, додаде дека за работење на автопилотот на автомобилот потребно е одредена ознака на патот, којшто ја немало на улицата на која се случил инцидентот.
Во моментов на врвот на листата на Forbes се наоѓа основачот на најголемата интернет продавница „Amazon“, Џеф Безос, чиј севкупен капитал е проценет на 196,4 милијарди долари. Второтоместо сега го зазема претседателот на групацијата „Louis Vuitton Moët Hennessy“, Бернар Арно со 179,2 милијарди долари, а на четвртото е основачот на технолошкиот гигант „Microsoft“, Бил Гејтс со 131,6 милијарди долари. На петтото место е основачот и челник на најголемата социјална мрежа на светот „Facebook“, Марк Цукерберг со богатство од 110,2 милијарди долари.
Two men killed after Tesla that may have been in autonomous driving or self driving mode didn’t adhere to a curve, slammed into a tree then burst into flames in the Woodlands, officials say. Firefighters say they had to call Tesla to figure out how to oust the blaze. @KPRC2 pic.twitter.com/nmhDxKeTHT
— Deven Clarke (@KPRC2Deven) April 18, 2021