Едно лице вечерва е приведено во Полициската станица Тетово, врз основа на сознанија доставени од Министерството за внатрешни работи.
Постои основа за сомнеж дека ова лице направило инцидент во црквата – Свети Наум Охридски -Чудотворец, која се наоѓа на Попова Шапка.
-Симнувањето на знамето на МПЦ – Охридска архиепископија и поставувањето на знамето на Албанија на негово место е причината за лишување од слобода на ова лице.
Овој настан во СВР Тетово, бил пријавил рано денеска, околу шест часот од страна на свештеник од црквата Св. Наум Охридски Чудотворец.
Извршителот на делото е пронајден и во моментов е во Полициска станица Тетово.