Лето 2024: Ако не летувате на Балканот, тогаш што ви е најисплатливо?

Откако објавив колку се цените по баровите на плажите во регионот, сега да видиме како е на туристичките места низ Европа. Од она што е видливо факт е дека нема евидентна разлика меѓу Полихроно (од претходната објава) и Хихон во Шпанија на пример. Дури, Шпанија е и значајно поевитна во одредени сегменти.

Од она што го истражив може да забележам дека Франција, односно Кан и Ница се најскапи од истражените локации. Пред неколку недели бев во Кан каде на вечера за двајца за две средни пици и една флаширана вода ме чинеше 45 евра во ресторан кој НЕ е на брегот. Така, веројатно ќе чинеше уште повеќе. Но, не се жалам, сепак на такви места оди светски џет-сет па бев свесен какви ќе се цените таму.

Изненадувачки, Шпанија има места кои навистина се пристапни и евтини. На пример, како што добив информација од пријател кој беше во Хихон и Ла Коруња за еден октопод и пиел вбело вино, па платил 13 евра. Оние кои го јаделе истово на друго место сфаќаат дека евтино поминал. Таму, има и места каде еспресото е само 1,3 евра, цени идентични како кафичи кај нас во Аеродром и Ново Лисиче.

Погледнете и:

(ИНФОГРАФИК) Лето 2024: Каде е најисплатливо да го поминете вашиот одмор?

Турција и Кипар се локации кои се препорачливи да се посетат со туристичка агенција. Така, пример за 500-600 евра може да обезбедите 7 дневен аранжман во хотел со 4 ѕвезди. На страна од хотелите, цените во Турција не се евтини како некогаш порано што биле. Пример кога бев лани во Бодрум еден дурум достигнуваше и по 7 евра што е значајно повеќе од претходно.

Малта е доста пристапна, знам дека има и добар ноќен живот. Португалија е преубава. Сум бил, но секогаш сакам одново и одново да одам. Повеќе може да погледенте од сликите во продолжение.

Боемот 2.0

ИНФОГРАФИКОТ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)