Иранската дијаспора во Соединетите Американски Држави излезе на улиците на Вашингтон и другите американски градови
Иранската дијаспора во Соединетите Американски Држави излезе на улиците на Вашингтон и другите американски градови, славејќи го американско-израелскиот воздушен напад врз Иран, во кој беше убиен врховниот лидер на оваа земја, Али Хамнеи.
Станува збор за Иранци кои се противат на теократскиот режим, а областа во близина на Белата куќа беше една од локациите каде што го прославија нападот и го поддржаа американскиот претседател Доналд Трамп.
Еден од присутните, Реза Зоги, изјави дека собирот го претставува гласот на оние кои, како што рече, долго време бараат правда, слобода и крај на оние кои се одговорни за страдањето на Иранците. Песна и танц беа дел од прославата, објавува Ројтерс.
На еден од собирите, песната „Y.M.C.A.“ на групата Village People, која американскиот претседател Доналд Трамп ја користеше во кампањата за последните претседателски избори.
Трамп рече дека атентатот врз Хамнеи создал услови за промена на режимот, кој беше воспоставен со Исламската револуција во 1979 година.
Иран одговори на бомбардирањето со лансирање ракети кон Израел, Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати, поради обезбедување воена поддршка за нападот врз Иран. Земјите се домаќини на американски бази.

