Би-Би-Си наведува дека постои стравување дека подморницата со 53 члена на екипажот ќе биде изгубена засекогаш, а портпаролот на армијата претходно изјави дека во неа ќе има доволно кислород само до денеска.
Подморницата „KRI Нангала-402˝исчезна во средата, за време на воена вежба во близина на брегот на островот Бали, а индонезиските власти почнаа потрага во која оттогаш се вклучени најмалку шест воени бродови, хеликоптер и 400 лица.
Индонезиската војска во четвртокот, доцна вечерта, соопшти дека открила знаци на објект на длабочина од 50 до 100 метри и распоредила бродови со опрема за следење со сонар во надеж дека станува збор за „KRI Нангала-402˝.
Сингапур и Малезија испратија свои бродови во областа, Австралија, Франција, Германија и Индија, исто така, пружаат помош, а авион на американската морнарица „Боинг П-8 Посејдон“ слета на Бали.
Портпаролот на индоензиската морнарицата за Би-Би-Си изјави дека ова е првпат Индонезија да изгуби една од своите подморници, но дека слични инциденти се случувале и порано на други места.