Истрага за убиството во Штип: Основното обвинителство отвори истражна постапка

Основното јавно обвинителство Штип отвори истрага против пет лица, сите турски државјани, поради убиството кое се случи на 8 мај во кафе-бар во Штип. Првоосомничениот се товари за убиство и за неовластено поседување оружје, додека останатите четворица се осомничени за помагање по извршено кривично дело.

(ВИДЕО) Филмско апсење на наплатната рампа Миладиновци: МВР употреби и дрон

Без пријавен престој во државата

Тројца од осомничените имале пријавено престојувалиште во Штип, додека извршителот на убиството и еден од неговите помагачи биле без пријавен престој во Македонија.

Купил пиштол за 1.100 евра во Скопје

Постојат основи на сомнение дека 21-годишниот извршител на убиството купил пиштол од 9 мм со избришани податоци во Скопје, за сума од 1.100 евра. Со тоа оружје ја извршил ликвидацијата.

Ликвидација од одмазда во кафе-бар

На 8 мај во вечерните часови, осомничениот во кафе-бар во Штип испукал неколку куршуми во својата жртва, исто така турски државјанин. Според обвинителството, убиството било со умисла и од безобѕирна одмазда, откако првично се сретнале наводно за да ги расчистат недоразбирањата.

Помош при бегство

По убиството, останатите четворица осомничени му помогнале на убиецот да избега. Со автомобил „БМВ“, управуван од осомничената девојка, сите заедно се упатиле кон Скопје. Биле пресретнати кај Миладиновци од полициска патрола и по кратко бегство – уапсени.

Барање за притвор

Јавниот обвинител веќе поднесе предлог до судија на претходна постапка во Основниот суд во Штип за определување мерка притвор за сите осомничени, со оглед на тежината на делото и ризикот од бегство. Истрага за убиството во Штип продолжува, а околу ова се огласи и поранешниот член на Левица, Јован Јанев.

ЈАНЕВ ПОВТОРНО РАСПАЛИ ПО ЛЕВИЦА: Како може Тошковски да е виновен за пукањето во Штип?

Извор: МРТ