Од денеска ќе се укине обврската за носење маски на отворено во цела Италија, но се препорачува да се носат таму каде што има многу луѓе, додека останува обврската да се носат маски во затворен простор, пишува агенцијата Анса.
Вишиот институт за здравство, највисокиот државен орган, предупредува дека сè уште има два милиони и 700 000 лица, постари од 60 години, кои не ја примиле првата доза на вакцината.
Загрижува ширењето на делта сојот на коронавирусот, што за четири пати се зголемило во последниот месец.
Премиерот Марио Драги на прес-конференција рече дека оваа проценка е веројатно потценета, бидејќи во Италија, и за разлика од другите европски земји, таа малку е секвенцирана, односно одредува со која варијанта на вирусот е заразено лицето.
Професор на Универзитетот во Падова, имунолог Антонела Виола, советува само оние кои ги примиле обете дози на вакцината да одат на годишен одмор, бидејќи делта вирусот, како што тврди таа, реагира помалку на антителата, па затоа оние кои примиле само една доза на вакцината не само што може да се заразат, туку и да се разболат.