Ова денеска го презентирал Кристријано Лонго од Италија на обуката за спречувањето на измами со храна, која виртуелно се одржала во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи”, кој со италијанските партнери, се реализира со финансика поддршка на Европската унија.
Лонго, кој е лидер на проектот, акцент ва обуката ставил, на презентирање на предложениот план за зајакнување на капацитетите за истраги во однос на измамите со храна. Тој, како што соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство, ги образложил принципите за контрола на електронската продажба на храна, согласно италијанските искуства во оваа област.
Директорот на АХВ Николче Бабовски на обуката потенцирал дека спречувањето на измамите со храна се основа за зголемување на ефективноста и ефикасноста и на нашата институција.
-Преку размена на искуства од областа на спречувањето на измамите со храна ќе ги прошириме знаењата од оваа област која и во европски и светски рамки станува се поактуелна, од економски, но и од аспект на заштита на здравјето на потрошувачите. Спречувањето на измамите со храна се основа за зголемување на ефективноста и ефикасноста и на нашата институција, чиј приоритет покрај заштитата на здравјето на потрошувачите, преку контрлите е и спречувањето на нелојална конкуренција и зајакнување на економијата во целина, истакна во обраќањето директорот Бабовски.
Потврда дека како институција и во оваа област сме на вистинскиот пат, додаде тој, е акцијата ОПСОН 9 на ИНТЕРПОЛ и Еуропол, во која Република Северна Македонија, преку инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство учествуваше заедно со уште 82 држави. Во акцијата, која се спроведе од декември 2019 до јуни 2020 година, акцент беше ставен на спречување на трговијата со фалсификувана и неквалитетна храна и пијалаци.
-Новите знаења за справување со измамите со храна, ќе бидат добра основа за имплементирање на веќе потврдените успешни европски практики во спречувањето на измамите со храна и од страна на нашите инспекциски служби и Одделението за заштита од измами со храна во рамки на АХВ, потенцира Бабовски.
На обуката учествивале шеесеттина претставници, од инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство како носител на проектот, од Царинската управа, Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги и претставници на Министерството за внатрешни работи.