Лаги и маниплуации за Христовски
Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци се осврна на многуте лаги и манипулации кои претходниве месеци се ширеа на социјалните мрежи за новиот директор на АНБ, Бојан Христовски. Откако Христовски доби позитивно мислење и сертификат за пристап до тајните на НАТО, таа потенцираше дека со месеци одредени структури и политички партии местеле хајка затоа што знаат дека ќе им ги вади валканиците на виделина.
СТРОГА ПРОВЕРКА И ОГРОМНИ НАДЛЕЖНОСТИ: Бојан Христовски доби сертификат за пристап до НАТО тајните
Статусот на Јоци го пренесуваме во продолжение:
Нема толку судии во земјава за да ги осудат експресно сите ,,колгерли”, кои за кеш работат за ,,зокијевци”, а кои со месеци водеа хајка против директорот на тајната служба, Бојан Христовски со јасна намера – рушење на угледот и негово отстранување од АНБ, затоа што знаат дека ќе им ги вади валканиците и јавноста ќе остане занемена.
ℹ️ Чисто за споредба, претходниот директор на АНБ во време на СДСМ/ДУИ, Виктор Димовски кој беше дел и од редовите на СДСМ во минатото – не доби НАТО сертификат.
🔴 Зошто таква интензивна и грозна хајка против Христовски?
Затоа што налогодавачите кои беа власт и други кои работеа за ,,службите”, а више не, се прљави како црна земја.
🔵 Впрочем тоа го обелодени и премиерот – постојат цели досиеја, во предизборието во 2020 за негово следење, вклучително и за неговата жена и деца.
А, има уште…