Денеска, околу 19 часот, на автопатот Тетово-Гостивар тешко е повреден жител на Жетовјане, откако излетал со возилото од коловозната лента. Инцидентот се случил кај клучката за Жеровјане, а при тоа возилото удрило во бетонски столб.
Патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.А.(49) од Жеровјане изгубило контрола и излетало од коловоз. Во несреќата, возачот И.А., кој бил сам во возилото, здобил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид врши екипа од СВР Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
За да се извлече повредениот од возилото биле повикани пожарникари од Тетово