Нетанјаху повторно го одби предлогот на Хамас
Израел би капитулирал доколку ги прифати барањата на Хамас за примирје предложено на разговорите во Каиро. Барањето ќе биде одбиено. Ова стана јасно од изјавата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
„Прифаќањето на барањата на Хамас би било ужасен пораз за државата Израел. Тоа би било огромна победа за Хамас, за Иран, за целата оска на злото. Затоа, Израел нема да се согласи со барањата на Хамас, што значи капитулација, а борбата ќе продолжи се додека не се постигнат сите нејзини цели. Не сме подготвени да прифатиме ситуација во која баталјоните на Хамас ќе излезат од нивните бункери, ќе ја вратат контролата врз Газа, ќе ја обноват својата воена инфраструктура и ќе се вратат за да им се закануваат на цивилите на Израел. беа зборовите на Нетанјаху, изјави денеска на состанокот на израелскиот кабинет.
Преговорите за мир во Газа моментално се „во замка“.
Израелската армија соопшти дека го затворила Керем Шалом, клучниот граничен премин кон јужниот дел на Газа, откако биле истрелани ракети на преминот.
„Идентификувани се приближно 10 проектили од областа во непосредна близина на преминот Рафа кон областа Керем Шалом“, се вели во соопштението на армијата. Се додава дека контролниот пункт во моментов е затворен за камиони со хуманитарна помош.