Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), две санкции за возачи почетници, информираат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови