Вкупно 261 возач е казнет во текот на вчерашниот ден во контролата што ја спроведе Министерството за внатрешни работи на територија на цела држава.

Како што информира МВР, 127 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 134 надвор од населено место.

Вкупно 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението од МВР.