Извелечен беше ждребот за четвртиот грен-слем во сезоната, УС Опен. Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ походот по нов трофеј ќе го започне против Французинот Александар Милер.
Во второто коло потенцијален противник на Новак е подобриот од мечот Запата Мираљес-Квин, додека во третото може да игра против Ласло Џере или Брендон Накашима.
Четвртото коло веќе може да донесе посериозен ривал за Ѓоковиќ бидејќи може да се сретне со Оже-Алијасим и Франсиско Сеундоло, а во четвртфиналето можни ривали се Тејлор Фриц и Стефанос Циципас.
Полуфиналето може да донесе меч за ѓЃоковиќ против Скандинавците Холгер Руне и Каспер Руд.
Данил Медведев и Карлос Алкараз се на другата страна од ждребот и против нив би можел да игра само во финалето.
На УС Опен, Ѓоковиќ ќе се бори за 24. грен-слем титула во кариерата.