​Извршено е пробивање на улицата „Благој Дафков” покрај училиштето во кавадаречко Глишиќ и поврзување на улиците „Младост” и „Ѓуро Ѓаковиќ”, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Пробивање на ул. ,,Благој Дафков” покрај училиштето во Глишиќ и поврзување на улиците ,,Младост” и ,,Ѓуро Ѓаковиќ”.

-Конечно граѓаните од овој дел ќе добијат улица која е паралелна на ,,Шишка” и ќе можат да си ги извршуваат обврските без да треба да се приклучуваат на истата, напиша на својот профил на Фејсбук градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Од кабинетот на Јанчев додадоа дека се избрани нови претседатели на урбаните и месните заедници. Тие ги доставиле своите барања во делот на урбанизмот, инфраструктурата и комуналната дејност.

-Сега е потребно да изработат и програма најдоцна до октомври месец годинава, за таа да влезе во општинската програма за 2023 година, појаснија од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци.