Уште една населба во Штип ќе добие уредени улици!

Денес се подготвуваме за асфалтирање на краци од улиците Ристо Стојков и Баница во населба Пребег.

Продолжуваме со вложување во патна инфраструктура во сите населби во нашиот град, објави на својата Фејсбук страница штипскиот градоначалник Иван Јорданов.