На 20.09.2023 во 17.20 часот на регионалниот пат Старо Нагоричане-Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Д.С.(27) од Велес.
При контрола на товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и Сенегал, меѓу кои и малолетници.
Д.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.