– Зоран Милевски и Бојан Јовановски дојдоа кај мене и на маса ми ги дадоа локациите. Ми кажа дека Карпош е блокирано, Битола е зафатено. Сето ова чинеше 4 милиони евра, рече Камчев на денешното сведочење во Кривичниот суд за „Меѓународен сојуз“.
Тој додаде дека од тимот на Бојан, му биле презентирани копи-пејст бројки, и истите ги дал за анализа на неговите директори.
Сведокот Јордан Камчев, посочи дека на сметка на 1ТВ платил 300 илјади евра, за два договори. Овие средства Камчев, рече дека ги уплатил како рекет.
Во однос на улогата на обвинетата Јасна Мандиќ, сведокот Камчев, истакна дека таа била само пошта и дека истата не учествувале во разговорите меѓу него и обвинетиот Бојан Јовановски.