„Ситуацијата во Авганистан е драматична, но Австрија ќе го засили пружањето помош на лице место и нема да ги повтори грешките од 2015 година“, кажа Курц за телевизијата Ое24.

Тој укажа дека не гледа „голема кавга“ во владејачката коалиција во врска со тоа и прашањето на борбата против климатските промени.

Курц одби да одговори на критиките на функционер од коалицискиот партнер, партијата на Зелените, во врска со политиката кон бегалците, порачувајќи дека ако има нешто да му каже, да не го прави тоа преку медиумите туку директно.

Само ја искоментира изјавата на лидерот на Зелените и вицеканцелар Вернер Коглер кој го обвини за нечовечко однесување, кажувајќи дека е за жалење тоа што суди за некој друг.

На прашањето за протерувањето на Авганистанците кои го прекршиле законот во Австрија, Курц кажа дека протерувањата ќе продолжат, потсетувајќи дека и онака повеќето се „Даблински случаи“, односно во Австрија дошле преку други земји на ЕУ, па таму може да се вратат.