Со својот потпис, Александар Филиповски (СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“), Тимчо Муцунски (ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“), Весна Кираџиева (Политичка партија Левица), Миле Петковски (Трајно македонско радикално обединување – ТМРО) и Билјана Аврамоска-Ѓореска (Движење „Одлучно за промени“– коалиција) како учесници во изборниот процес се обврзаа да го почитуваат законот и да водат фер натпревар и еднаквост во кампањата.
Претседателот на Општинската изборна комисија – Аеродром, Горан Мојаноски изрази уверување дека ќе имаме фер и демократски изборен процес и изборна кампања во претстојниот период и дека ќе бидеме пример за сите општини како се спроведуваат изборите. По потпишувањето на кодексот кандидатите испија заедничко кафе со актуелниот градоначалник на Општина Аеродром, Златко Марин, кој им посака успех на претстојните избори во фер и демократска кампања, во која ќе се почитуваат принципите на демократијата.
-Денеска испив заедничко кафе со кандидатите за градоначалник на Општина Аеродром, кои го потпишаа кодексот за фер и демократски локални избори. Само на ваков начин се придонесува во градењето на довербата во изборниот систем и во демократскиот развој на општеството, изјави градоначалникот Марин.