– Најевропската, најдемократската, најреформската, најсеверната и најколеничарската влада во историјата на нашата држава успеа за една година да ја намали јавната поддршка на граѓаните за ЕУ од 70 на 50 посто. Што не е јасно овде? Надворешната политика е поставување на долгорочни приоритети, на внимателно градење позиции и поставување на крајна цел. Доколку крајната цел била промена на името, па после “дај шта даш”, тогаш ги разбирам. Ама кога го слушам Димитров денес (ЕУ не не’ сака, ЕУ не може без Северна Македонија, ЕУ не е фер…) и истиот тој Димитров пред две-три години (историски договор, почнавме преговори, датумот стигна, ЕУ најдобра и најмила на свет…), ми доаѓаат на мисла неколку зборови: лага, превртливост, неспособност!, пишува КАрчовски.