Мицкоски: Нема милост, сите инволвирани ќе одговараат без разлика на партија и етничка припадност
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека нема милост за никого инволвиран во случајот со „Дискотеката на смртта“ во Кочани, без разлика на тоа од која партија или етничка заедница доаѓаат осомничените.
Мицкоски откри дека во текот на минатата година во Македонија биле издадени само 12 лиценци за ваков вид на ноќни локали, додека реалноста покажува дека работат многу повеќе. Во тој контекст, најави дека сите угостителски објекти кои немаат соодветна лиценца веднаш ќе бидат затворени.
Видео од изјавата
Мицкоски одговори на Адеми од ДУИ
Премиерот индиректно одговори и на прес-конференцијата на Арбер Адеми од ДУИ, кој посочи дека актуелната власт се пресметува со Албанците.
- „Нема да има милост за никого инволвиран во криминалот кој однесе огромен број жртви. Без разлика на партиската или етничката припадност, секој кој е одговорен ќе одговара“, изјави Мицкоски.
Тој трагедијата ја нарече „масовно убиство“ кое се случило поради корупција и дозволување на небезбедни објекти да работат без контрола.
Претходно, се огласи и минситерот Панче Тошковски.
По завршување на увидот, ќе биде доставен извештај на ОЈО. Пота ќе се утврди дали истите требале да поседуваат одреден сертификат за употреба.
- Во 4.40 пожарот е локализиран, а во дискотеката имало околу 500 лица, на претходно 250 продадени карти согласно информациите. Досега е извршена обдукција на 15 лица. Во критична состојба се вкупно 45 лица, истите се транспортираа во странство и владата прави напори да овозможи услови за соодветно лекување. Огромна благодарност до меѓународните пријатели кои се потрудија да помогнат.Од она кое што го имаме утврдено досега, ќе пробам да доловам што преземавме: По извршен разговор со член на групата ДНК утврдено е дека пиротехниката ја донел бендот, за жал лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато, рече Тошковски.