Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски на прес-конференција што ќе се одржи денеска во прес-центарот на Владата ќе презентира дополнителни појаснувања во врска со проширувањето на Позитивната листа на лекови, со цел отстранување на дилемите поврзани со нејзината примена во пракса.

Од Фондот за здравствено осигурување соопштија дека по неговото обраќање на прес-конференцијата, ќе биде овозможено поставување новинарски прашања.