Кина е против исклучување на Русија од Г20 и други меѓународни форуми, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на индонезискиот остров Бали.
Тој, на почетокот на билатералниот состанок со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на самитот на Г20, посочи дека Пекинг ја поддржува улогата на Русија во рамки на Г20 и други меѓународни форуми и смета дека никој нема право да ѝ го одземе правото на Русија да учествува во мултилатерални формати, јавија дел од светските медиуми.
Украина претходно соопшти дека бара Русија да биде исклучена од Г20, поради нејзиниот напад врз државата.