Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска на маргините на самитот на Г20 се сретна со неговиот американски колега Џо Бајден, јави агенцијата Анадолија.

Освен тоа дека двајцата претседатели разговарале за билатерални и регионални прашања, други информации засега не се објавени.

Турскиот претседател за време на самитот на Г20 се сретна и со кинескиот претседател Си Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди, францускиот претседател Емануел Макрон, новата италијанска премиерка Џорџа Мелони, претседателот на Обединетите Арапски Емирати Мохамед бин Зајед Ал Нахјан и со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.