Кина денеска ја одобри петтата вакцина за итна употреба против коронавирусот, соопшти Институтот за микробиологија при Кинеската академија на науките.

Последната фаза од клиничките испитувања е во тек, а не се познати податоците за безбедноста или ефикасноста на вакцината. Оваа вакцина се прима во три дози во период од по еден месец.

Како и останатите кинески вакцини може да се чува на нормални температури во ладилник.