– Денес стигна уште една потврда која им зададе удар на оние кои од, сега веќе јасни побуди за јавноста, го мешаа моето има и ми штетеа на честа и угледот. Јасна потврда од сведоштвото на извесен бизнисмен, г-дин Лога, дека никогаш не сум учествувал на никакви состаноци за поврзани со судењето за случајот Меѓународен сојуз”. Вистината, иако можеби задоцнето, секојдневно излегува на површина и ги демантира сите лаги и сомнежи. Чесноста, искреноста и директниот пристап се основата на мојот карактер, а тоа со ништо не може да се промени! , вели Кирацовски.

Тој додава дека ова следува по неговата изјава што ја даде во ноември минатата година во интервју во кое рече: „Следствено на тоа, согледувајќи дека моето опстојување на таа функција кон мене и кон моето семејство станува нефер и неоправдано, се решив на пауза, неинсистирајќи на никаква функција, со цел времето да расчисти многу работи и да ја потврди заболеноста на јавниот простор од грубите лаги и манипулации. Повлеков чекор назад за да направам три чекори напред. Сега времето лека-полека ги разбива облаците од лаги и инсинуации истурени врз мене, а јас со многу поголемо искуство кон одредени состојби и личности ја кројам стратегијата за доброто на многу неоправдано „исчезнати“ херои во СДСМ, чии места сега се запоседнати од ликови кои до вчера беа како со папочна врвца припоени до режимот “.

На денешното сведочење Лога спомена двајца поранешни функционери од власта, обвинетата Фросина Ременски, за која рече дека често присуствувала на состаноците и експратеникот Александар Кирацовски кој, пак, не бил на средбите.

-Довербата во проектот и во ‘Меѓународниот сојуз’ ја стекнавме од разговорите, од самиот проект, но и затоа што тука имаше и луѓе од власта, како Фросина, а во некој одреден момент беше и Кирацовски. Го видовме таму во ‘Меѓународниот сојуз’, но на која линија беше со нив, не знам, рече Лога.

Оставив времето да ги разбива облаците од инсинуации истурени врз мене во минатото.

Денес стигна уште една потврда…

Posted by Aleksandar Kirac on Thursday, April 15, 2021