Нов паркинг простор добиваат жителите на Подстаница во Драчево. Градоначалникот Ѓорѓиевски присуствуваше на денешното отпочнување на градежните активности за изградба на четири паркинзи, на вкупна површина од околу 600 квадратни метри. Лоцирани ќе бидат на улицата Сердарот и ќе отворат можност за паркинг на околу 80 возила.
-Утрово бевме во урбаната заедница Кисела Вода, каде финализира реконструкцијата на улицата “Локов” и проширувањето на паркинг просторот во нејзина близина, а сега сме веќе во руралниот дел на општината, во Подстаница, каде започнуваме со изградба на четири нови паркинзи. Се работи за четири паркинг локации, на улицата “Сердарот”, во близина на месната заедница, со вкупна површина од околу 600 квадратни метри, предвидени за околу 80 возила. Со ова даваме значен придонес во решавање на сообраќајниот метеж преку давање на нов простор за сообраќајот во мирување, што е одговор на барањето на моите сограѓани од овој дел на градот. Веќе утре продолжуваме со нови проекти кои ги промовираме во рамки на роденденската недела на општина Кисела Вода во која одбележуваме 68-годишно постоење-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.