Професорот смета дека треба да има точна информација колку од пријавените не биле заразени до сега и тие да добијат приоритет за вакцинација, дополнително да има и кампања за подигање на свеста. За сега бројот на пријавени според Даниловски е солиден но имунизацијата може да донесе бенефит дури на есен. Според професорот бројот на смртни случаи е очекуван бидејќи тој секогаш доаѓа подоцна откако ќе се намали бројот на новозаразени.

Граѓаните во однос на укинување на мерките се со поделени мислења.

Актуелните мерки важат до 1 јуни кога ќе се носи нова одлука. Во меѓувреме МВР се уште го расчистува случајот со журката во музеј на современи уметности каде стотина млади се забавуваат со диџеј. Од музејот ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека се работело за музички перформанс на меѓународното  биенале на млади уметници, а посетителите најверојатно ги симнале маските за да се напијат од пијалоците.