Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, зборуваше по повод 100-тиот ден од рускиот напад врз Украина.
Тој на апликацијата Телеграм напиша:
-100 дена руска варварска војна за уништување на Украина и Украинците.
Тие 100 дена се како еден долг, напорен ден кој никогаш не завршува. Емоции, напорна работа, крвави битки, загуби и смртни случаи ги одбележаа тие денови.
Сепак, ова е време на нашата храброст и нашата истрајност.
Сите заедно стоиме и се бориме. Еден за сите, сите за еден. Им се восхитуваме на нашите вооружени сили. Ќе ја ослободиме нашата земја од руските варвари кои дојдоа во неа!
-Да, ќе биде тешко. Но, верувам дека секој од нас достоинствено ќе ги помине овие искушенија. Затоа што ова е војна на злото и доброто. А доброто, а правдата сепак победува, напиша Кличко.