Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски веќе неколку месеци е актуелен за пошироката јавност откако со неговото име се поврзуваат неосновани контроверзии наметнати од центрите за комуникација на опозициските партии.

СДСМ од 2024 година против СДСМ од 2025 година

СДСМ има различен критериум за НАТО сертификатите во зависност од тоа дали е на власт или пак е во опозиција. Имено, како што може да се забележи во нивна објави од ланската година додека тие се на власт, тогашниот пратеник и портпарол на СДСМ Дарко Каевски го обвинува Драган Ковачки.

Изјава на Дарко Каевски – март 2024 година

Тогашна теза на СДСМ е дека Драган Ковачки бил одбиен од НАТО за добивање на безбедносен сертификат и дека не ги исполнува стандардите за да добие НАТО безбедносен сертификат, а тоа претставувало ризик за Македонија.

Што било клучно НАТО да го одбие Ковачки? Дали Ковачки оддавал воени или државни тајни? Дали бил шпион против државата? За чии странски интереси одработува Ковачки? За сите овие прашања треба да одговорат Мицкоски и ДПМНЕ. Ова е уште една потврда дека со ДПМНЕ е можна само изолација, но и дека кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност, тие се анти ЕУ и анти НАТО структури, вели во изјава Дарко Каевски.

Изјава на Богданка Кузеска – 2025 година

Сега истата СДСМ кој себеси се декларира за „Про еу и про НАТО“ целосно ја смени целосно реториката.

Последната манипулација којашто власта ја сервира е дека Христовски наводно поседувал сертификат од НАТО. Ова е намерна манипулација за да се одбегнат одговорите на суштинските прашања а тоа е дали Христовски воопшто ги исполнува условите да биде на оваа висока позиција. СДСМ ќе ја разобличи оваа манипулација и ќе инститира на правна разрешница на овој случај. Прво, проверките за издавање на безбедносни сертификати ги вршат исклучиво домашните безбедносни институции, а тоа се АНБ и МВР.

Неосновани обвинувања за Христовски

Сепак, со последните соопштенија се покажува големата паника во редовите на опозициските партии. Доказ за тоа дека обвинувањата за Бојан Христовски се неосновани потврдија повеќе работи. Најпрво за ова укажа Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) која утврди дека нема основ за постапување по наводите за судир на интереси и корупција во врска со именувањето на Бојан Христовски за директор АНБ.

Последен доказ за Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е тоа што Христовски доби позитивно мислење и сертификат за пристап до класифицирани информации на НАТО.

За ваквите небулози се огласи и самиот Христовски.

Христовски: Не учествував во процесот на проверка за НАТО-сертификатот

Во минатото поголем број на функционери од Македонија беа одбиени за ваков сертификат од страна на НАТО.