Подобрувањето на инфраструктурата во Општината е неопходна, токму затоа на денешниот состанок со претставници од Македонски железници и инфраструктура договоривме отпочнување со реконструкција на 5 железнички патни премини. Во април ќе се реконструираат премините на железничките пруги на Нов мост, Стар мост и Дворови, додека пак во јули се предвидени премините во Оризари и Речани, при што истите ќе се модернизираат со рециклирани гумени елементи, стои во Фесјбук статусот на градоначалникот на општина Велес, Марко Колев.

Тој напиша дека со ова значително ќе се подобри сообраќајот во овие делови и ќе се намали амортизацијата на автомобилите.

– Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност, додава Колев во својата објава.