Го следев денешниот протест на т.н. „студенти“ од албанскиот кампус и искрено, ова веќе не е само студентско барање, туку отвора многу подлабока приказна. Ако утре правосудниот испит се полага на различни јазици со различни правни толкувања, тогаш полека доаѓаме до ситуација во една држава да имаме две паралелни реалности. А правото е многу чувствителна работа – една запирка менува пресуда, не па различен јазичен контекст. Македонија не смее да стане држава каде законите секој ќе ги чита како што му одговара.
Реално, уште од старт протестот беше нелогичен, особено по тоа дека поддршката дојде од странство. Одеднаш за македонските студенти се загрижија луѓе блиски до Еди Рама, па и Бебе Реџа од Америка. Нека проба таа да има вакво барање во Америка, Трамп ќе ја депортира со првиот авион.
Не знам дали следно ќе чекаме и Холивуд да се вклучи со апел и хаштаг. Малку чудно делува кога луѓе што не живеат тука најгласно објаснуваат како треба да изгледа Македонија.
Ама најголем пораз е нешто друго. На протест кој треба да го претставува академскиот дух видовме шутирање куче, тепачки и скандирање за УЧК. Тоа не е слика на идни правници, туку доказ за луѓе дојдени по партиски директива.
И после некој ќе се чуди зошто расте револтот кај Македонците. Почит не се добива со викање и провокации, туку цивилизирана дебата која за жал ,,студентите” ја немаат.
КОМЕНТАР ЗА ПРОТЕСТОТ НА АЛБАНСКИТЕ СТУДЕНТИ: Една запирка менува пресуда, не па различен јазичен контекст
К
Од студентски протест до политичка порака што отвора сериозни дилеми за иднината на државата. Во својата колумна, Никола Николовски – Боемот пишува за барањата на т.н. „студенти“, поддршката од странство и сцените кои, според него, немаат никаква врска со академски дух и цивилизирана дебата.
