Тоа е можно со посветена работа, реален раст на економијата и привлекување на што е можно повеќе инвестиции во Македонија. Впрочем Македонија во моментот е на дното по странски директни инвестиции во регионот, 5 до 15 пати помалку во споредба со Албанија и Србија.
Дополнително ќе се отвори можност за инвестиции во новите технологии и дигитализацијата, и на тој начин Македонија ќе може да има поголем и забрзан економски раст. Новото време нуди нови можности и секоја сериозна држава е должна да биде во чекор со процесите, бидејќи така ќе овозможи напредок и подобар живот за своите граѓани.
Мафијата на власт поради нејзината корумпираност и криминал ја разјадува економијата и не дозволува сериозен раст на економскиот живот во македонија. Целта им е јасна, Македонија да ја остават во сиромаштија, граѓаните да ги доведат до гола егзистенција, за да можат со трошките кои ќе ги фрлаат да го манипулираат народот и да го владеат.
Затоа создаваат поделби, а како резултат на таквите поделби имаме мала елита која се богати и јаде од златни лажици, и огромно мнозинство кое живее во сиромаштија. Концептот македонија за сите луѓе нуди просперитет и можности за секој, повисоки плати и поголем стандард.