На граѓаните на општина Битола сакам да им се заблагодарам на огромната поддршка која секојдневно ја добивам во директна комуникација со нив. Со овие зборови кандидатот на СДСМ и коалиционите партнери за градоначалник на Битола, Христо Кондовски денеска упати јавна благодарност до битолчани за рекордниот број на прегледи на содржините на неговата фан страница на Фејсбук.
„Моето место е меѓу граѓаните! Постојно сум на терен, ги слушам моите битолчани, ги знам нивните проблеми и нашата програма нуди најдобри решенија за тие проблеми! Среќен сум што граѓаните го препознаа тоа! Се обраќаат на сите начини, на улица директно, телефонски и во пораки на мојата фан страница на Фејсбук!“-рече Кондовски, посочувајќи дека доказ за интересот на битолчани е и тоа што досега само на фан страницата на Фејсбук нивната ангажираност е преку 180.000 интеракции.
Видеата кои изворно се поставени на неговата фан страница досега вкупно имаат над 180.000 прегледи. Кондовски вели дека тоа е резултат на отворената комуникација со граѓаните.
„Огромниот интерес да ги слушнат моите пораки уште повеќе ме обврзува. Затоа ќе останам отворен и достапен! Секој може да ми се обрати, да даде сугестија, да посочи на проблем! Мојата благодарност и за новинарите – што го забележаа интересот на битолчани и ги анализираа прегледите на мојата фан страница. Заедно одлучуваме со граѓаните! Заедно ќе направиме Битола да биде поубаво место за живеење!“-порача тој.
Видеата преку кои Кондовски ги упатува своите пораки до јавноста обработуваат различна тематика. Покрај оние во кои тој ги презентира проектите за развој на Битола, огромно внимание привлекуваат и видеата во кои граѓаните можат да видат каков човек е тој – односно искусен бизнисмен, голем вљубеник во природата, поддржувач на фудбалот и велосипедизмот, почитувач на културата, но и посветен сопруг и татко на три деца.
Гледаноста ја зголеми и поддршката која ја доби на големиот митинг со кој СДСМ и коалиционите партнери ја започнаа кампањата токму од Битола. Заедно со видеото од централниот митинг на СДСМ, а кое во живо се емитуваше и на фан страницата на Кондовски, бројот на прегледи надминува 200.000.