Принцот Хари и Меган Маркл одбија да го откријат името на лицето кое го покрена прашањето за бојата на кожата на нивниот син Арчи.
Јавноста долго време шпекулираше за кого станува збор, но контроверзната британска авторка Лејди Колин Кембел тврди дека станува збор за принцезата Ана и инсистира на тоа дека коментарот не бил разбран и дека всушност станувало збор за загриженост за тоа како Меган би се вклопила во кралско семејство, пишува „Seven News“.
– Поради споменувањето на културата, Хари сфати дека станува збор за бојата на кожата. Ана изразила загриженост за последиците од дозволувањето на некој таков да се приклучи на кралското семејство, па затоа рече дека тоа не само што ќе им создаде проблеми на семејството, туку и на децата што ќе произлезат од таа врска. Хари веднаш побрза да и го соопшти ова на Меган, која го поврза со бојата на кожата. Ова е личност која едвај чека да најде проблем каде што нема, тврди Кембел.
Кралското семејство, како и Меган и Хари, сè уште не ги коментираа овие тврдења.