Битолчани во изминатите 4 години, со своите возила поминаа повеќе време на автомеханичар, отколку возејќи по улици. Невозможно е во градот да стигнете од една до друга точка а да не го искршите автомобилот. Возењето низ Битола бара посебни вештини за избегнување на кратерите по искршениот асфалт, рече Тони Коњановски, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.
Гарантираме брза и квалитетна патна инфраструктура. Ќе се зафатиме од првиот ден со реконструкција и изградба на нови улици. Улици кои ќе имаат и вело патеки, јасно обележани пешачки премини и семафори кои работат!
За големите артерии во градот, улицата „Стив Наумов“, (од Премиер центар до ЦрнМост), улицата „Димитар Влахов“ (од Пожарна до ул. „Илинденска“ кај О.У. „Тодор Ангелески“) и улица „Охридска“ (од Дрвен пазар до ул. „Васко Карангелевски“) отпочнуваме со реконструкција на коловоз со комплетна реконструкција на подземната инфраструктура – тоа значи промена на водовод, канализација, улично осветлување, електрика и поставување оптички кабли.
Ќе ја реконструираме инфраструктурата и на улиците кои се во строгото централно градско јадро: ул. „Булевар 1 Мај“ (десна страна по течение на р. Драгор – од „Црн мост“ до „Саат кула“);ул. „11 Октомври“ (амбиентална улица со коцка и улично осветлување- пред Св. Димитрија); ул. „Јорго Османо“ (амбиентална улица со коцка зад Св. Димитрија); ул. „11 Март“ (од Јавор, зад Центарот за јавно здравје – „Др. Абраванел“ до ул. „Јане Сандански“) и ул. „Јане Сандански“ (од Шехерезада до ул. „Димитар Влахов“ кај О.У. „Ѓорѓи Сугарев“). Како и улиците „Драгорска“ , ул. „7 Бригада“ ул. „2 “ул. „Христо Ботев“, ул. „Христо Узунов“ ,ул. „Бранислав Нушиќ“,ул. „Неготинска“ ,ул. „Др.Трифун Пановски“ ,ул. „Ријечка“ ,ул. „Сутјеска“ ,ул. „Паца Ванчова“ ,ул. „7 Јули“ ,ул. „Наум Наумовски Борче“ ,ул. „Мукос“, ул. „Дебарска“, ул. „Крсте Мисирков“ , предвидено е проширување на ул. „Буковски мост“ со покривање на каналот, ќе ја реконструираме ул. „Крстин Чулаковски“, ул. „Мирче Ацев“,ул. „24“,ул. „21“,ул. „Борис Стрезов“,ул. „Поречка“,ул. „Јаинци“ ,ул. „Солунска“ ,ул. „Јонче Мурџевски“,ул. „Пожаревачка“ ,ул. „Никола Тесла“, ул. „Димитар Мите -Богоевски“ , инфраструктурно ќе интервенираме и на ул. „Филип Втори“ и на ул. „Прогрес“.
Започнуваме веднаш со изградба на нови улици, улици, кои што всушност ќе значат поврзување. Првата е поврзување наул. „Железничка“ соул. „Македонскафаланга“, помеѓуТех. факултет и палата „Марковски“ .
изградба на ул. „ДимитарРобев“ (од Св. Недела, покрај гробиштата до Земјоделско училиште) и реконструкција на улицата која води до новите Св. Неделски гробишта.
изградба на комплетна улична инфраструктура околу Техничкото училиште и Кеопс (од ул. „Партизанска“ до ул. „Васко Карангелевски“).
Гарантираме и изградба на инфраструктура и улична мрежа во руралните средини, во с. Долно Оризари, с. Лавци, с. Буково, населба Г. Оризари, с. Цапари, с. Кравари, с. Логоварди, с. Дихово, с. Брусник
За Битола треба да се работи, а не од неа да се заработи!“, рече Коњановски.