АХВ ја зајакна контролата на пакетчиња за најмалите
Пред новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја зајакна контролата на детските пакетчиња, со цел да се спречат ризици по здравјето на децата. Инспекторите ги посетиле магацините за пакување, маркетите и продавниците кои нудат вакви производи, спроведувајќи вкупно 262 вонредни инспекции.
Кај четири пакетчиња беа констатирани разлики помеѓу роковите на збирната декларација и поединечните производи, а кај двајца оператори беа издадени решенија за исправување на декларациите. Нема оператори кои се казнети, ниту пак се пронајдена небезбедна храна.
За разлика од минатата година, кога беа откриени сериозни проблеми како производи со истечен рок и недоследни декларации, годинава АХВ регистрира само мали пропусти, што укажува на поголема усогласеност со прописите и внимание кон безбедноста на детските пакетчиња.
