Пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објектите коишто се наменети за прослави и големи собири, информираше на денешната прес- конференција владината портпаролка Марија Митева.
Овие инспекции се фокусирани на проверка дали објектите ги исполнуваат минимално-техничките услови коишто ги бара законот. Во наредните денови очекуваме нов извештај од оваа контрола, кој ќе даде појасна слика за нивоата на усогласеност и сите неопходни корективни мерки коишто ќе треба да се преземат, изјави Митева.
(ВО ЖИВО) Прес-конференција на Муцунски, Митева и Ристески
Од Владата нагласуваат дека нема да дозволат беззаконие или двојни стандарди и ќе продолжат да ја зајакнуваат институционалната ефикасност сѐ со цел да се обезбеди правилата да важат за сите подеднакво.