Дали важи слободната за ЈСП?
Станува збор за ноќните линии после полноќ, кога младите се враќаат дома. На видеата кои се објавуваат на социјалните мрежи учениците и студентите им објаснуваат на контролорите дека имаат слободни карти, но тие им велат дека навечер не им важат. Учениците велат дека немаат друг начин да стигнат дома, но и покрај тоа не им се дозволува влез во автобусот. На станиците се создава хаос, учениците пробуваат да влезат во автобусот, но контролорите ги буткаат и не им дозволуваат да се качат, пренесува СДК.
За првпат вакви стандарди во ЈСП
Досега никогаш не се случило во ноќните линии, за кои билетот е 50 денари, да се возат контролори, да стојат на вратите и да бараат билети да купат учениците и студентите за кои има одлука за бесплатен автобуски превоз.
Директорот на ЈСП „Скопје “ Драги Кушовски не одговари на телефонските повици и пораки во кои го прашавме зошто се воведуваат вакви мерки кои удираат врз учениците и студентите, кога ниту едно раководство досега не барало тие да плаќаат за ноќните линии.
До каде е бесплатниот превоз на Данела Арсовска?
Градоначалничката Данела Арсовска на изборите победи со ветувањето за бесплатен автобуски превоз за сите граѓани. Но, тоа ветување не само што не се оствари туку на улиците нема доволно автобуси па патниците чекаат со саати.