Домаќинот на следното Европско првенство, Полска беше поразен дома со 71-96 од кошаркарската федерација на Македонија. Освен Димитријевиќ, добри беа и Итан Хап, Маслинко и Ѓуровски кои на своето конто запишаа двоцифрен ефект.
Освен на самиот почеток на мечот, Македонија беше доминантна во текот на целата игра. Највисоката предност ја достигнавме кога имавме 69-46, пред домашните да намалат на 50-69 на крајот од третиот период. Во финишот дојдовме до највисоките 25 поени разлика, 71-96, што на крајот се покажа и како конечен резултат на овој натпревар.
И овој натпревар блескаше Ненад Димитријевиќ кој забележа неверојатни 32 поени. Американското засилување, Итан Хап, мечот го заврши со 19 поени, а Стојан Ѓуроски уфрли 17. Двоцифрен заврши и Андреј Маслинко, кој постигна 10 поени.
Следно на календарот за нашите кошаркари во квалификациите за Европското првенство продолжуваат во ноември оваа година, кога Македонија двапати ќе игра против Литванија, прво дома, а потоа и на гости.