Апелација одлучи во корист на Општина Струмица

Апелацискиот суд од Штип донесе правосилна пресуда со која се потврдува дека водата за пиење во Струмица е „чиста, питка и биохемиски исправна“. Пресудата го потврдува тврдењето на градоначалникот Костадин Костадинов, кој повеќе од една година истакнуваше дека водата не била спорна.

Градоначалникот обвинува за ширење паника

Во објава на социјалните мрежи, Костадинов ја обвини Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) дека цела година „лажела“ и ширела паника меѓу граѓаните со наводи за неисправна вода. Тој најави и кривична пријава против директорот на АХВ за, како што рече, „предизвикување страв и паника“.

Политичка пресметка или институционален надзор?

Костадинов оцени дека ВМРО-ДПМНЕ би биле подготвени „да остават цел град без вода“ за да создадат политичка криза. „За рејтинг се спремни да ги лажат луѓето дека не треба да пијат вода. Срам, мизерија и ниски страсти“, напиша тој.

Контроверзи од минатата есен

Од крајот на септември до крајот на октомври 2024 година, граѓаните на Струмица не смееја да ја користат водата за пиење поради зголемени нивоа на манган. АХВ тогаш објави дека водата отстапувала од предвидените стандарди, по што следуваа забрани и препораки до населението.

Извор: Република