– Центар го замислувам како урбано место кое ќе биде соодветно и како центар на градот, но воедно и на државата. Бидејќи општина Центар не е само центарот на градот, туку и на државата. Од тука доаѓаат луѓе и од внатрешноста и ние кои што живееме треба да го прилагодиме нашиот живот кон соодветните потреби. Од тука сметам дека сите нешта кои што ќе бидат преземени ќе бидат во насока на системското решавање на основните проблеми кои што се актуелни во оваа општина, односно тоа се проблеми во однос на пренаселеноста. Една урбана експанзија која сметам дека е крајно насилна. Тука е и решавањето на сообраќајната инфраструктура односно улиците, просторот за пешаците, една зелена општина која што треба да биде бидејќи ние ја загубивме, истакна Наташа Котлар Трајкова во гостување во емисијата „Студио 10“ на 24ТВ.

Котлар Трајкова додаде дека е потребна и богата спортска и културна програма на општина Центар, која ќе биде наменета и за младите. Бидејќи младите треба да бидат директни учесници во креирањето на политиките за живеење во општина Центар.

– Основни наши постулати во овие намери ни се пред се јавниот интерес наспроти интересот на индивидуални групи и поединци. И исто така да се стави сериозна контрола на она што претставува непримерно градење односно бетонизација позната по тој термин во општина Центар. При што ние мораме да дадеме една нота, дека сето ова претставува едно револуционерно однесување односно промена во нашиот начин на живеење на нашата култура на однесување во градот. И сметам дека за да бидат такви нештата ќе треба огромни промени, заклучи Котлар Трајкова.

Котлар Трајкова посочи дека за да случат промени во општина Центар исто така треба и голем труд.