Премиерот Димитар Ковачевски посака во Бугарија да се избере влада која ќе биде проевроспки ориентирана бидејќи единствената држава која ја кочи Северна Македонија на патот кон ЕУ е токму Бугарија, објави ТВ21.

Ковачевски го спомна надминувањето на препреките со другите држави на Балканот во овие 5 години.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб рече дека Словенија ќе работи засилено не само за техничка помош туку и за политичка помош на Северна Македонија и Западен Балкан што поскоро да се зачленат во ЕУ бидејќи тоа е единствениот начин за стабилизација на Западен Балкан.

„Западниот Балкан и Северна Македонија се едни од најнапредните кандидати за членство. Западен Балкан е клучен и токму сега треба да се сензибилизираат бидејќи постои можност за излез во цела Европа, т.е. политички мора да се стабилизира. Единствениот начин за стабилизирање на Западен Балкан е приближување кон ЕУ, нема друг начин. Западен Балкан мора да стане дел од ЕУ и ова е единствениот начин за стабилизација.“, рече Голоб.

Овие коментари на двајцата премиери беа дадени при посетата на премиерот Ковачевски во Словенија. За време на оваа посета се потпиша заедничка декларација за зајакнување на соработката меѓу РМ и Република Словенија.