„Не гледам причина да ги коментирам овие обвинувања бидејќи Кина тоа веќе го демантираше“, кажа Песков на прес-конференција.

Портпаролот на Кремљ не одговори ни на прашањето дали Русија побарала од Кина да обезбеди каква било борбена опрема за својата специјална воена операција.

„Имајќи предвид дека Кина веќе ги негираше сите овие информации, не гледаме потреба дополнително да ги коментираме“, објасни Песков.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин кажа во петокот дека министерството е свесно за бројните лажни извештаи за испораки на кинеските дронови за потребите на руската војска.

Кинескиот дипломат особено предупреди дека е неопходно „да се внимава на мотивите“ кои ги поттикнуваат одредени центри на моќ за ширење на такви гласини.